Државата дава 600 илјади денари по корисник за набавка на комбајн 

13

Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера беа потпишани 57 договори по објавениот јавен повик што се однесуваше на мерката 121, за доделување финансиска поддршка за набавка на специјални комбајни за жнеење ориз, со сечкалки и/или мобилни сушилници за ориз.

Максималната вредност на прифатливите трошоци од корисник изнесува 600.000 денари.

Вкупната вредност на договорите е над 34 милиони денари.

Со јавниот повик, Министерството, преку мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, им излегува во пресрет на оризопроизводителите, сè со цел да се модернизира механизацијата во Македонија.

Право на користење на овие средства имаат земјоделските стопанства запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во согласност со Законот за земјоделство и рурален развој.