Авион на компанијата „То Монтенегро“ вчера изутрина принудно слетал во Белград откако се судрил со јато птици.
– Поради ова, дојде до доцнење на летот од Белград за Подгорица, бидејќи авионот во моментов е на неопходната техничка проверка за да се осигури максимална безбедност – потврдено е за агенцијата РИНА.
Исто така, овој непредвиден настан бил причина и за доцнење на летот за Рим, додека другиот сообраќај се одвивал според планираниот распоред.
– Им се заблагодаруваме на патниците за разбирањето и за трпението. Безбедноста на патниците и на екипажот и техничката исправност на воздухопловот остануваат наш приоритет и тимови на компанијата вложуваат максимални напори сите патници да бидат навремено превезени до своите дестинации – соопштено е по инцидентот.