Руски борбени авиони „Су-35“ пресретнале два американски стратешки бомбардери „Б-52Н“ над Балтичкото Море, соопшти Националниот одбранбен центар на Русија.
Во соопштението се наведува дека радарите на противвоздушните сили на Западниот воен округ откриле два авиони класифицирани како стратешки бомбардери „Б-52Н“.
Во соопштението се наведува дека со цел да се идентификуваат и спречат нарушувањата на државната граница, активирани се борбени авиони СУ-35 од Западниот воен округ и вратени во матичната база по отстранувањето на странските авиони.
⚡️Russian jet intercepted a B-52 this afternoon pic.twitter.com/TJ5ugKnaw6
— War Monitor (@WarMonitors) March 20, 2023
„По отстранувањето на странските воени авиони од државната граница, руските борбени авиони се вратија во базата. Летот е извршен со строго почитување на меѓународните правила за користење на воздушниот простор. Не е дозволено кршење на државната граница на Русија“, се наведува во извештајот.