Драма во Нови Сад: Маж се заканува дека ќе се разнесе со бомба

356

Улицата „Катица Рајчиќ“ во новосадската населба Ветерник е блокирана бидејќи маж се затворил во својата куќа и се заканува дека ќе активира бомба.

На терен се пожарникари, неколку полициски патроли, преговарачки тим и итната помош.

Ситуацијата трае од 20 часот.

Преговарачкиот тим на српското МВР се обидува да разговара со повозрасниот маж, а целата улица превентивно е блокирана.

Засега не се познати повеќе детали ниту мотивот зад одлуката на мажот да преземе ваков чекор, пренесе РТВ.рс