Драконски казни за непочитување на забраната: Исфрлени од употреба пластичните кеси во Црна Гора

145

Во Црна Гора денеска стапи на сила забраната за употреба на пластични кеси и пластика за еднократна употреба, што значи дека сите тенки кеси што се користат при пазарење во продавниците ќе бидат отстранети од употреба.

За непочитување на оваа законска одредба, казни за физички лица од 500 до 2.000 евра, а за правни лица од 1.000 до 40.000 евра, објави РТЦГ.

Покрај пластичните кеси, ќе бидат забранети и пластични сламки, како и садови за храна од експандиран полистирен, како и чаши за пиење од истиот материјал.