До каде се оди за креативно запросување: Србин ја однел саканата на глисер, а од водата со прстен излегол нуркач/ВИДЕО

281
Фејсбук скриншот

Необична сцена е снимена неодамна во Сутоморе, кога белграѓанец ја запросил својата девојка во морето.

Имено, овој млад човек ја однел својата партнерка на возење со глисер, одвозеле недалеку од плажата и тука застанале, а потоа од водата со прстен излегол нуркач во моментот кога двојката седеле на чамецот и уживале во романтичната сцена.

Мажот ја зел и ја ставил на прстот на својата девојка, по што следело уште поголемо изненадување.

Пријателите на оваа двојка се појавија покрај брегот, палејќи факели во исто време и го направија целиот настан уште поспектакуларен.

Девојката веднаш се согласила и останале малку да седат во чамецот гушкајќи се.

Ова видео беше споделено на Фејсбук, и собра голем број на позитивни коментари.

– Среќно и долг живот!

– Стари среќно

– Честитки, се најдобро

Тие беа само дел од коментарите под оваа објава.