Доцнења на линиите 9, 19, 20 и 22 поради вонреден технички преглед на автобусите

92

Поради вонреден технички преглед на дел од возилата вклучени во јавниот превоз од изутрината има одредени застои, доцнења на линиите 9, 19, 20 и 22.

Генерално, овие линии ги опслужуваат приватните превозници. На линијата 20 возат само автобуси на приватните превозници, а линиите 9, 19 и 22 комбинирано ги опслужуваат возила на ЈСП Скопје и приватните превозници.

Возилата на ЈСП Скопје непречено ги реализираат утврдените термини од возниот ред (по три возила сообраќаат на линиите 9 и 22 и две возила на линијата 19), односно на нив не се врши вонреден технички преглед.