Доста не уценува тој канализаторски стаорец

134
epaselect epa10308721 Lionel Messi (C) of Argentina scoring the fourth goal of his team during the international friendly soccer match between the United Arab Emirates and Argentina in Abu Dhabi, UAE, 16 November 2022. Argentina is preparing for the FIFA World Cup 2022 in Qatar with their first match against Saudi Arabia on 22 November. EPA-EFE/ALI HAIDER

Шпанскиот весник „Ел Периодико“ ги објави пораките помеѓу поранешните членови на клупската управа на каталонскиот гигант Барселона од времето на Жозеп Марија Бартомеу. Првиот човек на Барса, клупскиот адвокат Роман Гомез Понти и останатите членови од најтесното клупско раководство имале посебна група на апликацијата WhatsApp која редовно ја користеле, а Понти за време на пандемијата со коронавирусот брутално го навредувал аргентинскиот интернационалец Лионел Меси.

Станува збор за периодот кога на радикален начин беа намалени договорите на фудбалерите, а Меси ги предупреди клупските челници дека неговиот договор и договорот на неговиот најдобар пријател, Луис Суарез, никој не смее да ги допре. Бартомеу имаше голема дилема околу ултиматумот на Меси, а Понти напиша серија навредливи зборови за Аргентинецот.

  • Барти (скратено од Бартомеу), не може да бидеш толку добар кон тој канализациски стаорец. Овој клуб се му има дадено, потоа тој одлучуваше за идните трансфери, новите договори, спонзорите за себе… Мораш да мислиш и за договорот на Суарез, тој на Жорди Алба, а тука се и провизиите за потписот на Ансу Фати и за агентот на Меси, кој не знае да чита, а неговиот партнер е познат дилер. Исто така тука се големиот број на уцени и непријатности кои сите ние во клубот ги трпиме од тоа хормонално џуџе, кој треба да и биде благодарен на Барселона што е жив. И тој на тебе ти праќа пораки: „Претседателе, намалете ги платите на сите, но не мојата и таа на Суарез“. Се надевам дека ќе си замине од клубот, што е најлошо што може да се случи, напиша Понти.

Членовите на WhatsApp групата потоа дискутираат за деталите од астрономскиот договор на Меси кој го шокираше фудбалскиот свет. Сите сметаат дека за тоа најзаслужен е Жоан Лапорта, актуелниот претседател на Барса, а тогаш кандидат за прв човек на каталонскиот гигант.

  • Ќе мора убаво да размислиме околу Меси. Се согласувам, за многу работи си во право, неговиот договор е 15% од вкупниот буџет на клубот, но мора да мислиме и на се тоа кое Меси го носи во клубот и тоа во секој поглед, му напиша Бартомеу на клупскиот адвокат.