Извештајот од надзорот за прогрес на работите, за периодот од 1 ноември до 31 декември лани, целосно се завршени 58 % од проекциите за експропријација, како и 33 проценти од геотехничките истражувања за автопатските делници на коридорите 8 и 10Д. Со Програмата за финансирање на патната инфраструктура за овој проект лани беа предвидени 15 милијарди денари, а за годинава за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт и врски има 15,1 милијарда денари.
Целосно се завршени 58 проценти од проекциите за експропријација, како и 33 проценти од геотехничките истражувања за автопатските делници на коридорите 8 и 10Д, покажува Извештајот од надзорот за прогрес на работите за периодот од 1 ноември до 31 декември лани.
Известајот објавен на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта-ЈПДП покажува активности на изведувачот за експропријација, геотехнички истражувања и други претходни активности и спецификации за предвидените автопатски делници Тетово-Гостивар-Букојчани и Требеништа – Струга-Ќафасан на Коридор 8 и Прилеп-Битола на Коридор 10 Д.
Исто така, прикажани се и финансиските трансакции помеѓу Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државните патишта во рамките на Програмата за финансирање на патната инфраструктура, односно исплатите што завршуваат кај изведувачот на работите.
Во ноември е реализирана една трансакција во износ од 223.596.680 денари. Во декември имало исплати во четири наврати. На 5 декември се исплатени 245.606.294 денари, на 28 декември две исплати од 669.225.176, односно 261.862.793 денари, а на 29 декември 1.695.871.044 денари.
Со Програмата за финансирање на патната инфраструктура за овој проект лани беа предвидени 15 милијарди денари, а за годинава за таа намена во буџетот на Министерството за транспорт и врски има 15,1 милијарда денари.
Договорот со изведувачот американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ беше потпишан во март минатата година.