Многумина се импресионирани од партиите кои ги прикажува Лука Дончиќ на терените во НБА лигата, но има и такви кои словенечкиот кошаркар го гледаат како најголем плачко во најсилната лига.

НБА легендата Волт Фрејзер, кој работи како ТВ-коментатор на натпреварите во најсилката кошаркарска лига, е иритиран од кошаркарот на Далас.

  • Дончиќ е веројатно најголемиот плачко во лигата. Секогаш се жали. Има 13 технички грешки, а постојано плаче кај судиите, искоментира Фрејзер.

И покрај споменатата мана која ги иритира многумина, Дончиќ блеска оваа сезона со 28 поени, 9.2 скока и 8.7 асистенции по натпревар.