Здружението „Љубезност“, заедно со иницијативата на Елена Гагиќ, е повторно во акција – дечињата од социјално загрозените семејства да добијат новогодишни пакетчиња.
Секој оној што сака да биде дел од оваа убава приказна, може да донира директно преку телефонот 070/143-100 (на Telekom MK) и 143-505 (без префикс на А1 Македонија) или преку жиро-сметката на „Љубезност“ во Комерцијална банка 300-00000-4297815, со назнака „донација за новогодишни пакетчиња за социјално загрозени деца“.
– Да ги стоплиме детските срца. Да им ги направиме празниците посреќни – повикуваат од „Љубезност“.