Челниците на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем донесоа конечна одлука за германскиот интернационалец Тимо Вернер кој вториот дел од сезоната ја одработува како позајмен играч од редовите на РБ Лајпциг. Популарните „петли“ можат да го откупат неговиот договор со понуда не помала од 17 мил. евра, но лондонскиот клуб сака да договори нова едногодишна позајмица.