Новиот предводник на италијанскиот калчолигаш Рома, Жозе Мурињо, испрати јасна порака до клупските челници дека сака во новата сезона на располагање да ги има и услугите на репрезентативниот голман на Италија, Џанлуиџи Донарума. Голманот на Милан на крајот од месецот ќе има статус на слободен играч, а голем интерес за неговите услуги покажуваат раководните лица на Јувентус, Барселона, Манчестер Јунајтед и на ПСЖ.