Заради филмот „Медена земја“ во Белград на билетарницата пред салата на Центарот за култура се формирале долги редици публика која деновиве сакала да го види македонскиот документарец, објави на својата фејсбук-страница дистрибутивната куќа Five Stars Film. Притоа сите три проекции беа распродадени, а заради големиот интерес филмот бил ставен уште неколку дена на репертоарот (до 12 февруари).
„Убавата порака што ја носи филмот е само засилена со неодамнешната изјава на протагонистката Атиџе, која вели ‘Сакам публиката да научи само едно нешто од филмот, а тоа е дека како што јас споделувам со моите пчели, луѓето да почнат да споделуваат меѓу себе’. Уживајте во филмот!“, стои во пораката на Five Stars Film до белграѓани.