Доларот зајакна, нафтата поевтини

205

На валутните пазари трговската седмица започна со благ раст на вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 101,79 поени, додека во петокот на затворањето на пазарот изнесуваше 101,73 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 146,17 на 146,30 јени.

Но американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1055 долари, додека во петокот вечерта беше 1,1048 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа, па негативниот тренд влезе во третата недела. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово ослабе за 0,76 отсто, на 75,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,72 отсто, на 73,05 долари.