Документарниот филм „Медена земја” на затворањето на Тетовскиот филмски фестивал „ОДА”

107

Со прикажување на документарниот филм „Медена земја” вечер ќе биде затворен Интернационалниот филмски фестивал „ОДА” во Тетово. Почетокот на проекцијата е предвиден за 19 часот во Центарот за култура во Тетово.

На фестивалот, што почна на 7 октомври беа прикажани 105 филмови.

Филмовите беа поделени во повеќе категории-детска панорама, балканска натпреварувачка панорама, специјални проекции, кратки филмови, кратки анимирани филмови, победничка панорама-за студенти и европски филмови. Во европските филмови се застапени сите земји од континентот.

За учество на фестивалот аплицирале 3963 филмови од 120 земји.