Докторката откри кој дел од телото укажува на големината на пенисот!

869

Рена Малик, хирург специјализиран за сексуално здравје, откри кој дел од телото покажува дека мажот има голем пенис. Не станува збор за раце и нозе, како што многумина мислат.

„Постои едно јапонско истражување во кое учествуваа само Јапонци, така што резултатите се малку ограничени. Тие ги мереле деловите од телото и должината на пенисот. Откриле дека должината на носот е во корелација со должината на пенисот, а не со должината на рацете или нозете“, откри Малик.

Малик, исто така, тврди дека забележала дека сè поголем број нејзини пациенти стануваат сериозно загрижени за должината на нивните пениси. Многумина од нив купуваат уреди за зголемување на пенисот поради оваа причина. „Овие уреди постојат, но тие се првенствено за мажи кои имаат Пејрониеова болест“, објасни таа.

Пејрониевата болест е состојба во која фиброзното ткиво се формира во подлабоките ткива под кожата на пенисот, предизвикувајќи болни ерекции, а оваа болест, исто така, може да го направи пенисот пократок додека е во ерекција.