Доказите за корупција на владата, вечерва придонесоа за антивладини протести во Црна Гора

59

Црногорскиот бизнисмен Душко Кнежевиќ во јавноста изнесе докази за корупција на владата на Мило Ѓукановиќ, по што вечерва во Подгорица се одржаа масовни антивладини протести.

Откако бинисменот Кнежевиќ, кој црногорските власти го бараат со потерница , поради наводно перење пари во неговите банки кои се под стечај, го откри со аудио и видео записи и документи скандалот, црногорските медиуми секојдневно објавуваат делови од големата афера.
Кнежевиќ е во бегство во Лондон и од таму преку медиумите пласира докази за криминал и корупција на властите. По објавувањето на документите, во пртивор е градоначалникот на Будва, како и поранешниот вицегувернер.
Кнежевиќ со докази го обвини премиерот Мило Ѓукановиќ дека е сопственик на луксузна вила вредна 2 милиони евра и дека земал милиони од продажбата на Телеком заедно со семејството.