Тажна вест го погоди светот на боксот, почина Израел Васкез (46). Познатиот мексикански боксер за жал ја загуби најважната битка, не успеа да го победи ракот. Накратко се борел со тешка болест која за жал на крајот го надминала. Тој дознал за тоа на 11 ноември и починал по три недели борба …

Васкез беше познат по прекарот „Мањифико“ и се натпреваруваше во супер-бантам и перо категорија. Во рингот имаше вкупно 49 борби, забележа 44 победи, од кои 32 со нокаут. Своето професионално деби го имаше на само 17 години и веќе на почетокот на кариерата забележа девет последователни победи.

Тој ја имаше титулата на ИБФ од 2004 до 2005 година, ги имаше и титулите ВБЦ и Ринг помеѓу 2005 и 2008 година и остави огромен белег во светот на боксот. Во ноември годинава му беше дијагностициран рак.

„Конечно почивај во мир. Господ да даде сила и поддршка на неговата сопруга Лаура, нивните деца, семејството и пријателите во оваа тешка ситуација. Шампионе, ти благодарам“, напиша претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејман.

 

ИЗДВОЕНИ