Српските судии Александар Панџиќ и Иван Мосорински, го судеа нивниот последен европски и меѓународен ракометен натпревар минатата сезона на меѓународно ниво. Инволвирани во афера со местење натпревари во европските купови, ЕХФ објави дека ги суспендира доживотно.
По повод последниот Извршен комитет, ЕХФ објави дека донела недвосмислена одлука во однос на српскиот пар Александар Панџиќ и Иван Мосорински, вмешани во аферата со местење натпревари во Лигата на шампионите.
Иако случајот беше затворен од страна на ракометниот суд на ЕХФ летово, со парична казна од 2.000 евра за двајцата судии, извршниот комитет на Европската федерација исто така побара доживотна суспензија на двајца арбитри на меѓународно и европско ниво имајќи предвид и дека парот не помогнал во решавањето на истрагата.