Дождот продолжува и денеска – еве кои места беа најмногу погодени од врнежите во изминатото деноноќие

46

Времето низ Македонија денеска ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни, а некаде ќе има и ретки грмежи.

Особено нестабилно со врнежи од дожд ќе биде во источниот и југоисточниот дел од земјата.

Температурите утрово се движат од 13 степени во Пожаране до 18 степени во Гевгелија. Тоа беа температури измерени во 6 часот утрово.

Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Пожаране, 65 литри на метар квадратен. После тоа следуваат Лазарополе, Маврово, Дебар, Попова Шапка.