Доделени БАФТА наградите: “Рома“ и “Фаворитката“ – најдобри

59

Наградата на Британската академија за филмска уметност (БАФТА) за најдобар филм му припадна на црно-белиот “Рома“ на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон, кој ја доби и наградата за најдобар странски филм.

За најдобар британски филм, пак, беше прогласен “Фаворитката“ на Јоргос Лантимос, кој од 12. номинации, победи во седум категории, меѓу кои и за најдобра женска улога каде наградена е актерката Оливија Колман. Наградата за режија ја освои Алфонсо Куарон, а Реми Малек го доби признанието за најдобра машка улога за “Боемска рапсодија“.

Актерот Махершала Али победи во категортијата најдобра споредна машка улога за филмот “Зелената книга“, а Рејчел Вајс ја доби наградата за најдобра споредна женска улога за филмот “Фаворитката“.

На свеченото доделување во Ројал Алберт Хол, присуствуваа и британскиот принц Вилијам со сопругата Кејт, како и бројни филмски ѕвезди и познати личности.