Додека сите вработени во француските болници протестираат, Макрон најавува дополнителни средства и „план за итни случаи”

61

Износите и конкретните одлуки за дополнителните средства за болниците треба да бидат презентирани од страна на премиерот Едуар Филип следната недела. Но при говорот за време на посетата на Епернај, претседателот на Франција Емануел Макрон најави „план за итни случаи” за трансформација на јавната болница, која во моментов е во криза, за што сведочат секојдневните протести, јавува дописникот на МИА.

Додека демонстрациите на здравствените работници се одржуваа оваа среда на улиците на Париз, Емануел Макрон истакна дека го слушнал нивниот гнев и нивната огорченост.

Оваа состојба не започна пред еден месец, шест месеци или една година. Ние тоа го наследивме и тоа е резултат на години ставање под тензии на болниците и колективните дезорганизации, рече претседателот на Франција, кој исто така констатира дека медицинските професии „се оддалечиле од својата работа, исцрпени, не наоѓајќи смисла во тоа.”

Макрон, најпрво ги бранеше одлуките на извршната власт во врска со здравството од неговиот избор во 2017 година. „Ја прекинавме дефлационата спирала на болничките тарифи, ја завршивме нузус-клаузулата (за запишување на студенти на втора година на медицина, што доведе до намалување на бројот на лекари) и вложуваме во нови работни места и професии”, рече тој.

Но, оценувајќи дека планот, насловен „Мое Здравје 2022″, „не се одвива доволно брзо”, Емануел Макрон најави нови мерки, како и дополнително финансирање.

-Овие не се тековни трошоци, туку се инвестира во здравјето на нашите сограѓани, рече тој.

Планот за итни случаи ќе го „комплетира она што е најавено” како „забрзана трансформација” на францускиот јавен медицински систем. Инвестициите „во текот на неколку години” ќе влијаат на материјалните ресурси и кадровските проблеми (вработување, плата), дури и ако е неопходна „револуција”, затоа што „повеќе средства за систем што не функционира е , бескорисно; само затнуваме. Треба да се консолидираат некои сервиси, да се реорганизира”, предупреди Емануел Макрон, додавајќи дека „треба да се прифатат реструктуираат кога тоа е потребно”.

Сепак, Макрон не за било каква сума, конкретна одлука: детали за планот, „износите, обемот, техничките модалитети и календарот”; треба да биде откриен од Едуард Филип, по следниот совет на министри, што ќе се одржи следната среда на 20 ноември. Според некои пресметки ќе биде потреба најмалку една милијарда евра за да се залечи состојбата во францускиот болнички систем.