Додека била на преглед, 43-годишна жена од Скопско починала во болницата „8-ми Септември“

137

Четириесет и тригодишна жена од скопско почина во болницата „8-ми Септември“.

– На 18.10.2024 година, во 14.30 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје било пријавено дека кај нив во Ургентниот центар, додека била во просторија за преглед, починала М.С.(43) од село Љуботен, скопско, соопштија од МВР.

Од лекар била констатирана смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било предадено за обдукција.