Еден дел од британските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на Манчестер Јунајтед и на каталонскиот гигант Барселона постигнале договор околу трансферот на бразилскиот интернационалец Рапфиња. Истите медиуми тврдат дека „црвените ѓаволи“ ќе потрошат околу 50 мил. евра за обештетувањето на поранешниот фудбалер на Лидс Јунајтед.