Довербата во еврото никогаш не била поголема: Лагард ги потпиша и пушти во употреба новите евробанкноти

112

Кристин Лагард, како новa претседателка на Европската централна банка, ги потпиша новите банкноти на евра. Таа истакна дека довербата во еврото расте бидејќи 76 проценти од граѓаните се залагаат за единствена валута.

Од воведувањето на еврото, бројот на банкноти во оптек постојано се зголемува, што ја отсликува важноста на готовината во европската економија, како и меѓународната привлечност на еврото.

Сега се во оптек 23 милијарди евро банкноти во вредност од 1,26 трилиони евра, од кои третина се користат надвор од еврозоната.

Лагард, меѓу другото, истакна дека еврото е „животна сила на европската економија“.

„Во еврозоната, банкнотите се користат за малопродажни трансакции повеќе од кое било друго средство за плаќање. Околу 79 проценти од сите трансакции се вршат во готово, што е повеќе од половина од вкупната вредност на сите плаќања“, истакна Лагард.

Додаде, дека потпишувањето на банкнотите не е само процедурална задача.

„Овие банкноти се дел од нашата економија, нашиот идентитет и нашата култура и ние во ЕЦБ имаме огромна одговорност да обезбедиме доверба во нив“.

Додаде и дека банките се безбедни, а вредноста на валутата е стабилна.