Добро размислете кога умирате, нема попови на Божиќ, Велигден и Св. Никола!  

428

 

Погребот не е крштавка или венчавка за да може да се забрани за време на празнични денови! Ова е првата реакција на православните верници по информацијата дека македонскиот архиепископ г.г. Стефан, кој истовремено е и надлежен архијереј во Скопската епархија, забрани погреби за време на празнувањето на Св. Никола. Правилото почнува да се применува од оваа година. Неофицијално, се воведува правило верниците да ги одложат погребите и за време на Божиќ и на Велигден, а починатите од сабота, недела и од понеделник ќе се погребуваат во вторник. Од Кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА и од Скопската епархија ниту ја демантираа ниту ја потврдија веста. За весникот ВЕЧЕР, само кратко одговорија дека денеска ќе ја информираат јавноста со официјално соопштение. Инаку, одлагањето погреби не е невообичаена практика во православието. Соговорник на весникот ВЕЧЕР вели дека во поголемите градови во соседството и за погреби се чека на „мој термин“ 

 

Погребот не е крштавка или венчавка за да може да се забрани за време на празнични денови! Ова е првата реакција на православните верници по информацијата на А1.он, која ја пренесоа и другите медиуми, дека македонскиот архиепископ г.г. Стефан, кој истовремено е и надлежен архијереј во Скопската епархија, забрани погреби за време на празнувањето на Св. Никола. Правилото почнува да се применува од оваа година. Неофицијално, се воведува правило верниците да ги одложат погребите и за време на Божиќ и на Велигден, а починатите од сабота, недела и од понеделник ќе се погребуваат во вторник. За измените, погребната служба, која работи на Градските гробишта во Бутел, ќе ги извести семејствата на починатите.

Од Кабинетот на поглаварот на МПЦ-ОА и од Скопската епархија ниту ја демантираа ниту ја потврдија веста. За весникот ВЕЧЕР, само кратко одговорија дека денеска ќе ја информираат јавноста со официјално соопштение.

Во меѓувреме, и верниците и свештениците од другите епархии се зачудени од веста, најмногу поради тоа што смртта не може да се предвиди, а традицијата налага верниците да се погребаат со опело што го извршува свештено лице.

– Оваа новина е неизводлива во места каде што нема капела, а такви се речиси сите градови и села низ државава. Имено, капела, освен во Скопската епархија, има само во Струмица, Берово, Битола… па онаму каде што нема капела, телата на упокоените се чуваат дома, но само еден ден, не подолго – вели за весникот ВЕЧЕР свештено лице од внатрешноста на државава.

Тој потсетува дека во сите епархии има забрана за венчавки за велигденските пости и на Велигден, додека крштавка може да се изврши секогаш, во кој било ден или час.

– Опелото е неизоставен дел од нашата традиција, а нашата црква има обврска строго да ги почитува црковните канони, кои понекогаш може да изгледаат нечувствително и сурово – вели нашиот соговорник.

Од друга страна, пак, аналитичарите велат дека правилото за забрана на погреби на големите празници е врзано за каноните и дека не би требало да важи само за одредена епархија, бидејќи во една црква не може различно да постапуваат за опелата.

Забрана за опело на свештеник од МПЦ-ОА не е непознат термин во црковните канони. Обредот строго е забранет за погреб на некрстени, бидејќи тие не се сметаат за членови на верската заедница. Исто така, без опело се испраќа и покојник што извршил самоубиство, бидејќи, според црковните канони, тоа е најголемиот смртен грев што може да се направи.

Инаку, одлагањето погреби не е невообичаена практика во православието. Нашиот соговорник вели дека во поголемите градови во соседството и за погреби се чека на „мој термин“. Како примери ги посочи Белград или Ниш.

Инаку, од АД за погребални услуги „Бутел“ велат дека забраната се однесува само за погребите со верски обреди, но не и на самиот чин на погребување. Доколку реши семејството, може да се организира погреб, вклучително со изложување на починатиот во капела, но без поп. (Е.А.)