Добра и лоша вест за коронавирусот: Се намалува трендот на хоспитализирани, но во Кавадарци се јави вов кластер „роденденска забава“

Дневниот број на новозаразени лица од ковид-19 во земјава и натаму е троцифрен, но според министерот за здравство Венко Филипче во последниве две недели, иако секојдневниот број на новозаразени има благ пораст, се намалува трендот на хоспитализирани позитивни пациенти на коронавирусот.  Филипче вели дека од 11,5 проценти хоспитализирани на 15 јули, сега потреба од болничко лекување имаат 9,7 проценти

72

Десет нови позитивни случаи со коронавирус се регистрирани во Кавадарци, се работи  претежно за млади лица, потврдија од кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Некои од нив, како што кажа, биле контакти на претходно потврдени позитивни случаи на ковид-19, а други не знаеле од каде што се заразиле. Новозаразените се на возраст од 18 до 51 година. Тројца се со 18 години, тројца со 19, по еден на 30, 33,  38 и 51-годишна возраст. Три од позитивните лица се од женскиот пол. Сите се со лесна клиничка слика и на домашно лекување.

Во кавадеречката чаршија се зборува дека сите млади се заразени на роденденска забава, која била одржана и покрај забраната за групирање.

Дневниот број на новозаразени лица од ковид-19 во земјава и натаму е троцифрен, но според министерот за здравство Венко Филипче во последниве две недели иако секојдневниот број на новозаразени има благ пораст се намалува трендот на хоспитализирани позитивни пациенти на коронавирусот.  Филипче вели дека од 11,5 проценти хоспитализирани на 15 јули, сега потреба од болничко лекување имаат 9,7 проценти. Ваквиот тренд, според него, се должи на тоа што интензивно се работи на епидемиолошкиот и клиничкиот пристап, а брзо се реагира и на локализирањето на така наречените мини жаришта.

-Се прави едно масовно тестирање, посебно таму каде што сметаме дека има мини жаришта, да дадам пример тоа беа дел од конфекциите, погоните и во Штип и во Свети Николе. Секаде каде што постоеше висок, а и среден ризик да бидат носители на вирусот, заради контактите на нивните колеги на работа, се истестираа и најдовме голем број на асимптоматски носители, вели Филипче.

Министерот додаде дека и покрај тоа што во некои денови бројката на ново дијагностицирани пациенти била поголема, сега тие луѓе се во изолација, а според тоа ланецот на ширење на коронавирусот се прекинува.

Првиот човек на здравството вели дека ваквиот позитивен момент се должи и на добриот менаџмент на болничките капацитети и интензивната комуникација на матичните лекари со властите.

-Полесните случаи се третираат во домашни услови, во координација со матичните лекари, а средната и тешката форма на болеста која ја имаат пациентите се хоспитализираат, меѓутоа има сосем доволен број на празни болнички кревети, а добро функционира и системот на ротација на лекари и медицински сестри, вели министерот за здравство.

Филипче додаде и дека после долго време има под 80 хоспитализирани пациенти на инфективната клиника, бројка која обично изнесувала помеѓу 90 и 100 пациенти.