Гавазова не само што пее, туку и добро “меша“

443

Популарната македонска фолкерка Сузана Гавазова деновиве ги израдува своите фанови со стомачен танц и тоа во костим за капење. Таа видеото на кое игра го објави на Инстаграм по што веднаш доби бројни коментари и пофалби.

Во костим за капење и црвена марама во стилот на жадињата, Гавазова покажа како се игра стомачен танц.

Гавазова, која е една од најзгодните пејачки на нашиве простори, е многу активна на социјалните мрежи, постојано става слики и видеа, па нејзините фанови освен што можат да видат дека одлично изгледа и пее, сега докажа и дека добро игра.