Доаѓаат нови приказни кои нема да ве остават рамнодушни…: Серии со Џорџ Клуни, Идрис Елба и Расел Кроу во 2019

92

Секоја година бројот на нови ТВ-серии е се поголем, па така во 2018 само во Америка е емитувано над 500. Во новата 2019 ќе се простиме од неколку добри серии кои ни го окупираа вниманието, како што се “Потпретседателката”, “Девицата Џејн” и “Игра на тронови”, но упатените сметаат дека новите наслови ќе понудат соодветна замена. Ви пренесуваме дел од најинтересните наслови на ТВ-серии кои критичарите со внимание ги очекуваат во 2019, а во која главни ликови се познати холивудски имиња како Џорџ Клуни, Идрис Елба и Расел Кроу

Catch 22


Џорџ Клуни се враќа на малите екрани како продуцент, режисер и ѕвезда на адаптираната истоимена книга на Џозеф Хелер (Catch 22). Оваа војна сатира е сместена во базата на САД во Италија за време на Втората светска војна. Џозеријан, членот на американските воздухопловни сили, е огорчен што неговата војска се повеќе го зголемува бројот на задолжителните борбени мисии.

The act

 

Mandatory Credit: Photo by Andrew H. Walker/REX/Shutterstock (9336003hi)
Ben Platt
60th Annual Grammy Awards, Arrivals, New York, USA – 28 Jan 2018
Инспирирана од вистинската сага за животот на Диди Бланчард – жената која ги измамила своите пријатели, соседи, дури и ја навела ќерката да верува дека боледува од смртоносна болест, и за нејзината ќерка, Џефри Роуз, која планирала да ја убие… Оваа мини-серија е најнова во серијата со тема – вистински злосторства, со брилијантните актерки: Патриша Аркет и Џои Кинг.

Fosse / Verdon


Роквел и Мишел Вилијамс играат во мини-серијата за познатиот кореограф и режисер Боб Фоси и неговата партнерка Гвен Вердон, една од најголемите ѕвезди на Бродвеј во нејзиното време. Приказната од светот на сцената со големи продукции и уште поголеми суети речиси сигурно ќе биде хит. Еден од извршните продуценти е Лин-Мануел Миранда, автор на бродвејскиот хит “Хамилтон#.

Modern Love


Антологијата (секоја епизода за себе) базирана на истоимената колумна на “Њујорк тајмс# привлече одлични актери Ен Хатавеј, Тина Феј, Џенифер Гарнер, Дејв Пател, Енди Гарсија, Џон Слејтер, Оливија Кук и Кетрин Кинер. Оваа осумделна серија ја истражува љубовта во најразлични форми: сексуална, романтична, семејна, платонска, нарцисоидна … Џон Карни е режисер, продуцент и сценарист.

City On A Hill


Кевин Бејкер ја игра главната улога во крими серијата сместена во 90-тите чии продуценти се Бен Афлек и Мет Дејмон. Приказната го следи корумпираниот судски систем во Бостон. Афлек бил инспириран од асистентот на обвинителот на округот кој дошол од Бруклин и се здружил со корумпираниот, но почитуваниот локален ветеран од Еф-би-ај и го прекинал бранот на криминалот во градот.

The Witcher


Поранешниот Супермен Хенри Кавил ќе игра во адаптацијата на видеоиграта и книгата за вештерот Гералт од Ривија од полскиот автор Анджеј Сапковски. Гералт е мутиран ловец на монструми со долга бела коса и продорен поглед кој има проблем да го најде своето место во светот, во кој луѓето често се многу полоши од ѕверовите. Судбината го спојува со моќна волшебничка и принцеза со опасна тајна…

The Politician

Пред да потпише рекорден договор од 300 милиони долари за Нетфликс за пет години, Рајан Марфи беше баран креатор поради новата антологиска серија за младиот политичар Пејтон (Бен Плат), кој во секоја нова сезона ќе биде во нова изборна трка. Во останатите улоги се Џесика Ланг, Гвинет Палтроу, Џенуари Џонс, Зое Дојс и Дилан МекДермот.

Turn Up Charlie


Идрис Елба ќе ја игра главната улога во осумчасовната хумористична серија која самиот ја создал и продуцирал. Актерот ќе го игра Чарли, вечен ерген и не многу успешен диџеј, кому му се укажува последнаа шанса да успее кога неволно ќе стане дадилка на проблематичната ќерка на својата најдобра пријателка (Пајпер Перабо), инаку славна личност…

Black Monday


Раскажувајќи ја приказната за црниот понеделник 1987 година, најлошиот ден во историјата на Вол Стрит, кога берзата паднала низ светот. Никој не знае што била причината … до сега. Дон Чидл, Реџина Кинг и Ендру Ранелс се тука за да ја раскажат телевизиската верзија на “Волкот од Вол стрит#. Официјален синопсис: “Група аутсајдери го урнала најголемиот финансиски систем во светот#.

Без наслов


За сега, се уште без наслов, драмата за починатиот извршен директор на Фокс, Роџер Ејлс, не е многу пријатна, но треба да биде поучна приказна за луѓето кои ја злоупотребуваат моќта и улогата на медиумите во политиката и општеството. Роџер Ајлс ќе го игра непрепознатливиот Расел Кроу, додека во другите улоги се Наоми Вотс, Сиена Милер и Сет Мекфарлан.