Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

39

Според последните податоци, досега во светот 33.951.767 лица биле заразени со новиот коронавирус. Како резултат на Ковид-19, починале 1.014.644 пациенти, а се опоравиле 25.217.358 лица.

Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.798 нови случаи на инфекција со коронавирусот, соопшти Институтот „Роберт Кох“. Од последниот пресек, умреле уште 17 пациенти, а досега се вкупно заразени 287.421 лице, од мкои умреле речиси 9.500 лица.

Украина денеска пријави уште 4.027 нови случаи на коронавирус, што е најголем раст на нови случаи за еден ден од 26 септември, кога беа регистрирани 3.833 нови случаи. Според официјалните податоци, во земјата се заразени вкупно 208.959 лица, а умреле 4.129, пренесуваат британските медиуми. Поради зголемениот дневен раст на заразени во текот на септември, што е поголем од 3.000, властите одлучија да ги продолжат мерките за карантин до крајот на октомври.

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 213 нови случаи на инфекција со коронавирус, а има и пет умрени лица, додека бројот на активни случаи е 1.256, соопшти  денеска Националниот штаб за цивилна заштита. Од 25 февруари во Хрватска се регистрирани 16.593 лица со коронавирус , од кои 280 починале.

Нов рекорден број на пациенти за еден ден е забележан и во Словенија, откако 203 лица се покажаа позитивни на тестирањата за коронавирус, додека едно лице умрело, соопшти здравствените власти. Во Словенија досега се заразени вкупно 5.690 лица, а умреле 150.

Од 842 тестови извршени во последните 24 часа во Албанија Ковид-19 е дијагностициран кај 131 лице. Истовремено умреле уште тројца пациенти. Од почетокот на пандемијата, извршени се 88.040 тестови, добиен е позитивен резултат кај 13.649, а умреле 387.

Втор ден по ред на Косово не се регистрирани жртви на Ковид-19, така што бројот на смртни случаи од коронавирус останува 625. Минатиот месец беа потврдени 46 нови инфекции и 62 лекувања, а од избувнувањето на пандемијата, имало 15.620 лица со утврден вирус, од кои 13.554 го преживеале заболувањето.

Во Грција се регистрирани 354 нови случаи на Ковид-19 и три смртни случаи од коронавирусот. Бројот на заразени се зголеми на 18.475, а на починати на 391 лице.

Министерството за здравство на Кипар соопшти 12 нови случаи на Ковид-19, вкупно 1.755 од почетокот на епидемијата.