Дневен преглед на состојбата со Ковид-19 во светот

76

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 23.246.606 лица. Од нив починале 805.576, а оздравеле 15.802.371 луѓе.

Во Србија во изминатите 24 часа починале три лица од последици на новиот коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи изнесува 695. Во истиот период Ковид-19 е потврден кај 170 лица со што вкупната бројка на заразени се искачи на 30.548 луѓе.

Во Косово во изминатите 24 часа забележани се 169 новозаболени лица, со што вкупниот број се искачи на 12.337. Додека во изминатото деноноќие од последици од Ковид-19 починаа деветмина, со шт вкупниот број на смртни случаи изнесува 457.

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти за 264 нови случаи на Ковид-19, од кои 29 по направените тестови на влезните точки во земјата, а починаа уште две лица. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 240 смртни случаи и 8.381 заразено лице.

Министерството за здравство на Кипар соопшти 11 нови случаи од 3.446 направени тестови во изминатите 24 часа, со што бројот на заболени се зголеми на 1.417 лица.

Во Бугарија во изминатите 24 часа регистрирани се 169 нови случаи на Ковид-19 и седуммина починати, додека оздравеле 195 луѓе. Во земјата вкупно заразени се 15.131 луѓе, а од последици од новиот коронавирус починаче 539 луѓе.

Во Босна и Херцеговина во изминатите 24 часа регистрирани се 318 нови случаи и шест починати лица. Од почетокот на пандемијата во БиХ забележани се 17.622 заразени лица и 528 смртни случаи.

Во Црна Гора денеска се пријавени 36 нови случаи, а две лица починале од последици од новиот коронавирус. Од почетокот на пандемијата 4.311 човек се инфицирани со Ковид-19.

Во Чешка во изминатите 24 часа регистрирани рекордни 506 нови случаи, со што вкупниот број на заболени се искачи на 21.551. Од почетокот на пандемијата во земјата од последици од новиот коронавирус починале  411 лице.

Во Германија во изминатото деноноќие регистрирани се 2.034 новозаболени лица со Ковид-19. Првпат од април дневниот број на инфицирани лица се искачи над 2.000. Од почетокот на пандемијата во Германија пријавени се над 232.000 заразени лица, од кои починале 9.200 луѓе.

Во Велика Британија денеска се регистрирани 1.288 новозаболени, што е за околу 250 повеќе од вчера, а починале 18 лица. Вкупно инфицирани над 324.000, а починале повеќе од 41.000 луѓе.

Во Ирак од денеска бројот на инфицирани луѓе со Ковид-19 се искачи над 200.000 луѓе. Во земјата дневно се регистрираат околу 4.000 заразени лица. Од почетокот на пандемијата во земјата пријавени се 201.050 заразени, од кои 6.353 починале, а оздравеле 143.393 луѓе.

САД и понатаму се на прво место во светот по бројот на инфицирани и починати луѓе од последици од новиот коронавирус. Во изминатите 24 часа регистрирани се 15.868 случаи, со што вкупниот број на заразени изнесува 5.812.595, од кои од кои 179.541 починале, а оздравеле 3.129.061 луѓе.

По САД следи Бразил, каде во изминатите 24 часа регистирани се 7.901 новозаболени, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 3.544.389 лица. Во истиот период од последици од Ковид-19 починаа 224 лица, а вкупниот број на смртни случаи изнесува 113.678.

Извор:МИА