Ќе има уште, тоа не е крај! Диџеј Шорти вели дека каде и да се појави со тетовираните нокти, предизвикува огромен интерес кај обожавателите. Сите фанови сакаат да го видат и да се сликаат со неговиот најнов хит-имиџ!
На Владимир Блажев, poпознат како диџеј Шорти или како Панчо од ар-ен-би дуото ДНК, не можеш да му го најдеш “крајот” од многуте тетоважи што ги има. Од најмилата, која ја има на левата нога, со имињата на целиот национален македонски фудбалски состав што обезбеди пласман на Европското првенство во 2021 г. (заедно со селекторот Игор Ангеловски) до денешните, кои му ги разубавуваат ноктите. Тие што се муртат поради ваквото украсување на телото, би кажале: „Бог да чува од детето“, но тие се во многу мал број.
Вистината е сосема поинаква, а таа е дека тетоважите долго време се голем хит кај младите луѓе. Особено се хит кај популарните личности, па така и кај диџеј Шорти. Тој е голем обожавател на тетоважите. Ги има по целото тело. И ветува дека ќе ги има уште повеќе.
–
Диџејот и на дело докажува и покажува колку навистина му значат.
– Овој пат тие се повеќе од штосни, типски, фраерски, интересни, вистински хит, нешто што е голем тренд во светот. Изработени се високо професионално, како и секогаш, кај мојот најомилен и најдобар светски познат тату-артист кој е од Македонија, од Скопје – вели среќниот Панчо.
Ноктите на Панчо сега се мошне шарени и одлично украсени со срценца, молњи, со глава од куче, смајли, фудбалска топка, микрофон, пајаци… Диџеј Шорти вели дека каде и да се појави со тетовираните нокти, предизвикува огромен интерес кај обожавателите. Сите сакаат да го видат и да се сликаат со неговиот најнов имиџ. А, тој трпеливо и расположено им ја исполнува желбата. Д.М.