Нема пријавени за дискускија и ја прекинувам седницата. Продолжението дополнително ќе биде закажано. Вака ја заврши собраниската седница претседателот на Собранието Талат Џафери откако веќе немаше никој за дискусија за предложените уставните измени.
Претходно, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски од спикерот побара откако ќе се исцрпи листата на пријавени за дискусија да го стави предлогот за уставни измени на гласање. Тоа не се случи.
Џафери во интервју за МИА на почетокот на месецов изјави дека по завршување на претресот, гласањето за потребата за уставни измени може да биде одложено, а ако нема услови, воопшто и да не се случи.
За денешниот дневен ред гласаа 70 пратеници.