Директорот на СЗО го преживеа денешното израелско бомбардирање на аеродромот во Сана во Јемен

149
Фото:Presidente da República, Luiz Inácio Lula da Silva com Diretor-Geral da Organização Mundial da Saúde, Tedros Adhanom e Diretor-Geral da Organização Internacional do Trabalho, Gilbert Houngbo, durante Sessão de Encerramento do Fórum Inaugural da Coalizão Global para a Justiça Social no âmbito da 112a Conferência Internacional do Trabalho, no Palácio das Nações. Genebra, Suíça.
 Foto: Ricardo Stuckert / PR

Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесус бил на аеродромот во Сана, главниот град на Јемен, во моментот на денешниот израелски напад.

„Додека се подготвувавме да се качиме на нашиот лет од Сана, пред околу два часа, аеродромот беше бомбардиран од воздух. Еден од членовите на екипажот на нашиот авион е повреден. Најмалку две лица загинаа на аеродромот. Кулата за контрола на летање, салонот за поаѓање – на само неколку метри од местото каде што бевме – и пистата беа оштетени“, рече Гебрејесус.

Телевизијата на јеменското бунтовничко движење Хути – Ал Масира јави дека најмалку две лица загинале во израелските напади на меѓународниот аеродром.