Дипломати: ЕУ треба да воведе забрана за патување и замрзнување на имотите на сојузниците на Путин

39

Европската унија во март треба да воведе забрана за патување и да ги замрзне имотите на сојузниците на рускиот претседател Владимир Путин, изјавија дипломати.

Како што пренесуваат странските агенции, санкциите, како одговор на затворањето на главниот домашен критичар на Путин, Алексеј Навални, може да бидат наметнати според новата рамка на ЕУ усвоена во декември, што му овозможува на европскиот блок да преземе мерки против оние кои ги кршат човековите права низ целиот свет.

– Очекувам да бидат применети дополнителни санкции пред ЕУ 
самитот во март, рече висок дипломат на ЕУ, осврнувајќи се на собирот на 27 лидери на европскиот блок во Брисел на 25. и 26 март. 

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанаат на 22 март.

На вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ беше изразена широка поддршка за санкциите, така што и Шведска, Германија, Франција, Полска и балтичките земји повикаа на забрана за патување и замрзнување на имотот.

Извор:МИА