Динамо (З) со обврска да го испере срамот од Минхен

55

Бранителот на тронот, шпанскиот гигант Реал (М), не би требало да има некаков посериозен проблем кога е во прашање денешниот натпревар од второто коло во најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони. „Кралскиот клуб“ гостува во Франција, а за противник го има незгодниот тим на Лил.

И покрај фактот дека Карло Анчелоти најверојатно повторно ќе ги нема на располагање услугите на најдобриот фудбалер, Килијан Мбапе, неговите избраници имаат обврска да ја оправдат фаворитската улога и се освен три бода ќе се дефинира како големо изненадување.

-Нормално дека во главите на моите фудбалери е само дуелот против Реал (М). И јас така размислувам, но сите сме сфесни дека играме во Лигата на шампиони и дека ова ќе биде едно големо искуство за сите нас. Нема што да загубиме, а можеме многу да добиеме. Мора да бидеме 100% фокусирани во сите 90 минути. Секоја грешка скапо се плаќа, изјави тренерот на Лил, Бруно Генесио.

Германскиот гигант Баерн (М) денеска гостува во Бирмингем каде за противник го има дебитантот во елитното друштво, премиерлигашот Астон Вила.

Хрватскиот преставник, Динамо од Загреб пак има обврска да го амортизира големиот страм од првото коло. Предводени од старо-новиот тренер, Ненад Бјелица, македонските интернационалци, Стефан Ристовски и Аријан Адеми, ќе се обидат да го изненадат францускиот гигант Монако.

Во првото коло, Динамо (З) со историски 9:2 беше поразен од германскиот гигант Баерн (М), додека Монако ја доби пресметката против Барселона со 2:1.

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА: Џирона – Феенорд, Шахтјор – Аталанта, Астон Вила – Баерн (М), Бенфика – Атлетико (М), Динамо (З) – Монако, Лил – Реал (М), Ливерпул – Болоња, РБ Лајпциг – Јувентус, Штурм – Бриж.