Димковски: Инспекторатот на терен ќе врши драстични контроли на откупот на тутун

34

Државниот инспекторат за земјоделство од утре излегува на терен да изврши драстични контроли во врска со проблемите со откупот на тутун, изјави министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски на трибината Агенда 20-24 во Струмица.

Тој додаде дека тутунарите нема да бидат оставени на цедило, а ако се утврдат неправилности при откупот ќе следат казни за тутунските компании, за да нема застој во откупот на тутунот.

-Инаку, оваа влада создава одличен амбиент во откупот на тутун, за кој се даваат 30 милиони евра субвенции, и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за 3 класа и за останатите класи, истакна Трајан Димковски.