Димитров: Следната голема битка ќе биде против криминалот и корупцијата

34

Лично ви ветувам дека битката против криминалот и корупцијата ќе биде следната голема битка. На патот каде што одиме одговорноста е суштина. Дотука стигнавме, сега ли ќе креваме раце!?, вели во видео обраќањето носителот на листа на коалицијата „Можеме“ во изборна единица 1, Никола Димитров. Ги повикува да излезат на гласање особено оние кои размислуваат да останат дома и да го дадат својот глас за оваа коалиција.

-Денес како кандидат за пратеник сакам да се обратам, посебно на тие меѓу вас коишто се разочараа. И jас, заедно со многу од вас, марширав по улиците. Покренат од злото што сите го чувме со сопствени уши. Барајќи правда извикувајќи, нема правда нема мир! Нема доволно правда.  И ако ме прашате дали сум и jас разочаран, апсолутно сум. Но, да кренам раце, на краj памет не ми доаѓа. Во мојот ресор, душата jа оставив. Таа огромна планина се искачи, постигнавме децениски цели, влеговме во НАТО и на чекор сме од почеток на пристапни преговори со ЕУ, во фаза сме кога се разговара за таа динамика и се усвојува преговарачката рамка, вели Димитров.

Според него, следната голема битка која престои е битката против корупцијата, криминалот и подземјето

-Денес сакам да ви ветам лично jас, истата таа жар и енергија што ги вложив за првата голема планина, ќе ги вложам за оваа држава да има правда. Сега кога безбедноста, предвидливоста, иднината и границите веќе не се прашања, на сите jасно  коjа е следната голема битка, тоа е битката против корупцијата, криминалот и подземјето. Сакам да ве повикам, сите тие коишто се мислите дали да сте дома и дали да излезете на 15-ти jули и да гласате. Сакам да ве повикам, да излезете. Имаме огромна шанса како нација, имаме закон за јавно обвинителство што овозможи истрагите и случаите да не застарат, да не се пикнат под килим и го имаме огромниот рефлектор што ни го носи пристапниот процес со Европската Унија. Мораме да ја искористиме оваа шанса, бидејќи следна, нема да имаме, нагласува Димитров..

Тој додава, дека од другата страна, имаме политичка партија ВМРО – ДПМНЕ чијашто основна цел , вели е, да се скршне од патот, да нема ниту одговорност, ниту да има правда.

-Гласот за ВМРО – ДПМНЕ и за нивните сателити е бело знаме, предавање во однос на правдата, меѓутоа и седењето дома е бело знаме и предавање во однос на правдата. Без вашата поддршка оваа шанса ќе ја испуштиме од раце. Одвај jа вративме земјата, да не дозволиме да отиде во неповрат.  Од оваа страна ѕирка надеж, другата страна е назад кон бездната. Ве повикувам сите, да излеземе, да ја зграпчиме шансата и да одиме напред. Ќе го повторам моето лично ветување, без разлика каква позиција ќе имам и во каква улога ќе бидам, јас лично, ќе бидам вашиот глас за правда и ќе има правда во татковината, порачува Димитров во видео обраѓањето.