Во Брисел во неделата владееше невреме проследено со јаки ветришта, па делагацијата од Западен Балкан имаше непријатно и турбулентно слетување на бриселскиот аеродром за да стаса на вечерата на лидерите на ЕУ со лидерите на земјите од Западен Балкан.
„На сите нас не ни беше лесно да слетаме денеска во Брисел. Тоа е сигнал дека и ’спуштањето’ за нас нема да биде лесно“, оценил албанскиот премиер Еди Рама.
Македонскиот министер Никола Димитров изјави дека авионот во кој бил тој, успеал да слета дури во четвртиот обид.
„Моравме поради невремето да направиме три круга и имаше доста потреси. Се надеваме дека по три неуспешни обиди, четвртиот пат ќе успееме да ги отвориме и пристапните преговори со ЕУ“, изјави Димитров.
ЕУ го обнови ангажманот за Западен Балкан, а тоа го потврди и на вечерата која во неделата во Брисел се одржа доцна вечерта, а на која беа лидерите на Унијата и лидерите на Западен Балкан.