Македонската кошаркарска репрезентација со победа ги стартуваше претквалификациите за пласман на Европско првенство, откако на гости во Нествед благодарение на Ненад Димитријевиќ славеше против Данска со 73:70.
Човек на одлука беше Димитријевиќ кој со тројка во последните секунди им донесе победа на „црвено-жолтите“ за стартна победа на новиот селектор Александар Јончевски.
За три дена, македонските кошаркари ја пречекуваат Словачка во Скопје, откако тие загубија убедливо со 87:68 од Норвешка. Само првопласираниот во групата ќе обезбеди место во квалификациите.