Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ, заедно со својот Уникс Казан, обезбеди пласман во полуфиналето во ВТБ-лигата. Тие, во четврт-финалето, со 3:0 во победи го добија тимот на Парма Перм, а во наредната рунда ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Зенит – МБА Москва.
Димитријевиќ со 12 поени беше прв стрелец кај победникот, заедно со Винс Хантер. Во својата статистика, Македонецот имаше и еден скок, шест асистенции, една украдена топка за 26 минути на теренот.
Пласман во оваа фаза обезбеди и тимот на ЦСКА од Москва, на нашиот стратег Емил Рајковиќ.