Димитриев за Груевски: Не можам да му одземам нешто што не сум му дал

179

Не можам да му одземам нешто што не сум му дал, одговори пратеникот Емил Димитриев на прашањето како ќе гласа тој за предлогот за одземање на пратеничкиот мандат на Никола Груевски.

Димитриев не сакаше да говори во име на целата пратеничка група, тој потенцира дека ова е негов личен став.

Седницата на комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања е закажана за утре со единствена точка на дневен ред – предлогот за одземање на мандатот на Груевски поради шестмесечно неоправдано отсусутво од Собранието.