Димитриевски иницирал вонредна седница  на Совет на Општина Куманово за помош на збратимениот град Нови Сад

102

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска иницирал вонредна седница  на Совет на Општина Куманово со предлог да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад по несреќата на железничката станица, како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин.

Градоначалникот на општина Куманово во име на граѓаните на Куманово вчера упати сочуство до семејствата на жртвите, граѓаните на Нови Сад и Р.Србија, стои во соопштението од Општина Куманово.

ИЗДВОЕНИ