Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Даниел Димевски им додели “Шампионски пехар” на градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески и претставникот од Општина Ѓорче Петров за унапредување на спортот во основните училишта, места каде што се прават првите чекори на сите идни врвни спортисти.
Над 550 ученици од основните училишта од општините Аеродром и Ѓорче Петров се натпреваруваа во повеќе спортови на голем број полигони водени од врвните професори кои што ги имаат овие две општини.
Иницијативата организирана од Македонскиот олимписки комитет, не само што ја поттикнува физичката активност, туку и го развива спортскиот дух и тимската игра кај нашите најмлади.
Општините Аеродром и Ѓорче Петров продолжуваат да бидат најспортски општини вложувајќи во иднината на најмладите. Спортот е од огромна важност за нивниот физички, психички и емоционален развој.
Македонскиот олимписки комитет ја дава поддршката за младите спортисти и продолжува со посветеноста за создавање здрави и активни генерации.