Дизелот во Македонија 80 денари, во регионот 120

Во земјава се точи најевтино гориво

1826

По последните промени на цените на горивата во земјава Македонија се најде меѓу земјите со најниска цена на горивата на Балканот но и Европа. Во Македонија во моментов бензинот 95 се точи за 77,50 денари, еуросупер 98 за 79, 50 денари, а дизелот за 79,50 денари.

Црна Гора пак е втората земја после Македонија која има најевини горива.Таму  бензинот се продава за 89 денари, еуросупер 98 се продава за 92 денари од литар, а дизелот за 100 денари од литар.

Србија  е со попскапи горивата. Тие  се продаваат за 95 денари за литар за бензинот 95, , дизелот се точи за 105 денари, додека  во Албанија пак цената на бензинот еуросупер 95 е 106 денари, додека дизелот е 120 денари за литар.

На бензиските пимпи во Бугарија  бензините и дизелот се точат за 104 денари.

И во Грција раст на цените, така дизелот се точи 123 денари, додека бензинот 95 се продава за 127 денари од литар. Еуросупер 98 се продава за 136 денари од литро.