Дизајнерка на „Баленсијага“ објавувала бизарни фотографии со деца

58

Дизајнерката на „Баленсијага“, Лота Волкова на својот Инстаграм-профил објавувала бизарни фотографии со деца.

На сликите се гледа легнато девојче во костим за капење, со лице како кукла, момче со штикли, кревет прекриен со црвени дамки и плишано мече врзано со црвена лента… Но, има и маж и жена со пластична ќеса на главите, жена која „се жртвува“ на ѓаволот, дете кое држи череп и девојче врзано за стол.

По бројните реакции на следачите, дизајнерката го заклучи профилот. Таа по потекло од Русија, студирала моден дизајн во Лондон, Велика Британија, а потоа се преселила во Париз, Франција. Лота има соработувано со бројни познати личности, меѓу кои Кање Вест и Џастин Бибер. Работела и за брендовите „Ветементс“ и „Адидас“.

Пред извесно време, „Баленсијага“ објави кампања којашто многумина ја оценија како потикнување детска порнографија. Модната куќа потоа се извини и поднесе тужба вредна 25 милиони долари против „Норт сикс“ и сценографот Николас дес Жардинс, кој ја дизајнирал кампањата.