ДИЕГО СИМЕОНЕ: Се извинувам што се фатив за мадињата

74

Освен по заслужената победа на домаќинот од 2:0, првиот 1/8 финален дуел помеѓу Атлетико (М) и Јувентус, ќе биде запаметен и по недоличното славје на аргентинскиот стручњак, Диего Симеоне. Трофејниот тренер беше уловен од камерите како се држи за своите тестиси и на тој начин го прославува големиот успех на “јорганџиите”.

  • Истото го направив и кога бев играч на Лацио против Болоња. Истото го направив затоа што сакав на нашите навивачи да им покажам дека имаме мадиња. Мојот гест не беше насочен кон Јувентус, туку кон навивачите. Признавам, тоа не беше убаво, но осетив потреба дека треба да направам такво нешто. Се боревме, Коста се бореше, а не беше подготвен. Морав да покажам како се чувствувам. Сакам да им се извинам на сите тие кои можеби ги навредив, но тоа го направив од срце, изјави Симеоне.