Публиката ќе има можност заедно со бендот да ги пее: „Стаклени хотел“, „Чаробњаци“, „Ватра“, „Шејла“, „Коњи“, „Марија“… но и оние најомилените – „Мотори“, „Једина моја“, „Криво је море“ и „Паткица“. А, секако, и да ужива во живо со новите песни од нивниот 13. по ред студиски албум – „Прати моје старе трагове“
На 27 септември (петок) со почеток во 21:00 часот, во Македонската филхармонија, легендарниот ексјугословенски рок-состав „Дивље јагоде“ ќе одржи спектакуларен концерт, но нека не ве збунува тоа што е избран овој помирен простор. Зеле и екипата ќе ги отсвират и ќе ги испеат своите најголеми хитови на поинаков, акустичен начин. Тоа не значи дека ќе се загуби од волшебноста на атмосферата. Сè ќе биде „под контрола“. Публиката ќе има можност заедно со бендот да ги пее: „Стаклени хотел“, „Чаробњаци“, „Ватра“, „Шејла“, „Коњи“, „Марија“… но и оние најомилените – „Мотори“, „Једина моја“, „Криво је море“ и „Паткица“. А, секако, и да ужива во живо со новите песни од нивниот 13. по ред студиски албум – „Прати моје старе трагове“.
Организаторот на овој концерт, продукцијата „Сцена“, најавува и дружење на членовите на „Дивље јагоде“ со естрадните новинари на тој ден (27.9.) од 11:00 часот, во скопската градска кафеана „Пелистер“. Па, повелете, тргнете со вашите „мотори“ на пијачка, диви јагоди и на кафе-муабет. Екипата на ВЕЧЕР е еден од медиумските помагатели. Д.М.