Дибиров: Ако сега некој не му помогне на Вардар, треба сите да завршиме со кариерите

183

Ракометарот на Вардар, Тимур Дибиров по вечерашното освојување на титулата во Лигата на шампионите изјави дека сега е време некој да излезе во пресрет и да му помогне на клубот.

Вардарци имаа исклучително тешка сезона, откако ракометарите немаат земено плата со месеци, но и покрај тоа „црвено-црните“ се искачија на европскиот ракометен трон.

Според него оваа титула е поголема од првата, која ја освоија во 2017 година, по се што поминал тимот.

– Одигравме одличен натпревар и заслужено дојдовме на врвот. Ако после оваа титула никој не ни помогне да ја средиме ситуацијата, тогаш сите да ги соблечеме патиките и да ги завршиме кариерите. Оваа титула е поголема од првата, зашто знаеме низ што сѐ минавме, вели Дибиров.